топло време

Трет топлотен бран летово, според најавите од УХМР и последен

12.08.2025 15:57

Денешниот, најтопол ден од августовскиот топлотен бран. И, веројатно ќе биде последен. Така прогнозира УХМР…

Го преживуваме најтоплиот ден од третиот топлотен бран ова лето, а според најавите од УХМР и последен. Граѓаните едвај се движат под врелото сонце, но обврските мора да се завршат, а градските чешми се задолжителни мали оази.

Овој топлотен бран е за неколку степени послаб од оној јулскиот, каде живата на термометарот достигна до 43-от степен.

Зголемен број на колапси, топлотни удари и сончаници, е епилогот од овој топлотен бран што ја зафати земјава. Лекарите велат дека и кај менталните болести високите температури делуваат негативно, граѓани се жалат и на има и панични напади.

Колапс е краткотрајно губење на свеста, вели Каревска Пиловска. Важно е граѓаните да знаат дека доколку некој доживее ваква состојба, потребно е да се внесе во ладна просторија, да легне и се сврти настрана. Најризични професии се пекари и лица што работат во затворени кабини.

Александра Спировска