Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)..

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Собранието на 5-ти август го распиша Огласот за нов претседател на Антикорупциска. Како што наведоа тогаш од Собранието, рокот за пријавување ќе трае 10 дена, а понатамошните фази од постапката ќе се спроведат согласно роковите и процедурите утврдени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
