Скопје
„Водовод“ апелира: Водата да се користи рационално
14.08.2025 11:58
Претпријатието апелира да се избегнува полнење базени, наводнување на големи зелени површини и полевање ниви со вода од градскиот систем за да се обезбеди нормално снабдување за сите делови на градот.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните да ја користат водата рационално поради високите температури, зголемената потрошувачка и намалената издашност на изворот Рашче.
Претпријатието апелира да се избегнува полнење базени, наводнување на големи зелени површини и полевање ниви со вода од градскиот систем за да се обезбеди нормално снабдување за сите делови на градот.
Граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци или истекување на вода да пријават на 02 3073 010, [email protected] или преку www.vodovod-skopje.com.mk.
