Македонија

Затруено четиригодишно дете, најверојатно консумирало детергент

14.08.2025 13:01

Детето e примено на педијатрискиот оддел, а по извршен преглед од дежурен лекар, во стабилизирана состојба е пренесено на скопските клиники.

Затруено четиригодишно дете е донесено во кумановската општа болница. Првичните сомнежи се дека консумирало непозната течност, најверојатно детергент.

Детето e примено на педијатрискиот оддел, а по извршен преглед од дежурен лекар, во стабилизирана состојба е пренесено на скопските клиники.

Директорот Стошевски информира дека по извршената детоксикација на клиниката, детето ќе биде пуштено дома.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот. Изминатиов период беа регистрирани неколку случаи на затруени деца.