Ивановска: Не се кандидирам за личен профит, туку да понудам решенија за проблемите на жителите
Граѓанските иницијативи на различни начини ќе се борат за учество на локалните – едни продолжуваат како независни инцијативи, други собираат потписи за да формираат политички партии. „Независни заедно“ го претстави и првиот кандидат за градоначалник – поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска ќе ја бара довербата од жителите на Центар…

Од борба со корупцијата, во борба за општина Центар. Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска влегува во политиката. Доаѓа на предлог на платформата „Независни заедно“ и вели – се кандидира не за личен профит, туку да понуди решенија за проблемите на жителите.
Иницијативата на чиј предлог доаѓа Ивановска сè уште собира потписи за да регистрира партија. Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и групација 389 им нудат предизборна соработка и на останатите независни кандидати и групи.
Ако успеат да ги соберат потписите, на изборите во Скопје може да се појават две нови политички партии составени од независни иницијативи. „Независни за Карпош“ продолжуваат да се борат како граѓанска иницијатива.
Во Министерството за правда сè уште траат консултациите со експертите поврзани со настапот на независните кандидати на изборите. Ова следува откако ДИК истакна дека независните без потписи ќе може да предлагаат листи на овие избори.
Анита Димитријевска – Велковска
