Штип

Промовирани новите 29 JLTV оклопни возила на АРМ

15.08.2025 19:45

Одбранбените капацитети на армијата се зајакнуваат. Во соработка со САД и програмите преку кои се вршат набавките за модернизација на македонската армија, бројот на лесни оклопни возила се зголеми речиси за двојно. Денес се промовирани нови 29 лесни оклопни возила наменети за Лесната пешадиска баталјонска група...

Лесната пешадиска баталјонска група на АРМ е опремена со нови 29 лесни оклопни возила во кои е инсталирана најсовремена дополнителна опрема за гаѓање. Се работи за опрема која Македонската армија треба да ја поседува согласно НАТО стандардите. На денешната промоција во Касарната „Јане Сандански“ во Штип беше кажано дека јакнењето на одбранбената подготвеност на државата е вложување во мирна и безбедна иднина.

На промоцијата присуствуваше и американската амбасадорка Агелер која истакна дека оваа опрема е потврда на постојаната поддршка на САД на одбранбените капацитети на нашата земја.

Славица Величковска