Македонија
МВР: Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром
16.08.2025 08:41
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа.

Денеска во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од „Меѓународниот аеродром Скопје“ требаше да полета кон Турција, информираат од МВР.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа.
Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење, стои во соопштението од МВР.
