МВР

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар

16.08.2025 18:22

Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката...

Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. "Војвода Васил Чакаларов" има женско лице.

Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје за укажување на помош.

 

Фото: МВР