Регион

Во Србија протестите продолжија без поголеми инциденти

18.08.2025 08:44

Во Белград се протестираше пред полициските станици како одговор на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила...

По три ноќи насилство и судири меѓу демонстрантите и полицијата, антивладините протести во Србија синоќа продолжија со силно полициско присуство, но без поголеми инциденти. Во Белград се протестираше пред полициските станици како одговор на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила. Демонстрантите во нови сад се собраа под слоганот „ѓубрето паѓа – народот владее“, протестирајќи пред зградата на судот. Петмина студенти беа приведени во Ниш, но подоцна ослободени. Српското МНР, има повредени полициски службеници, а против 35 демонстранти ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Претседателот Вуќич на вчерашната прес-конференција изјави дека засега не се размислува за вонредна состојба.

„Во наредните три или четири дена ќе видите изненадувачки одлуки, а потоа ќе има одлучна акција. Наредните денови може ќе ви се чини дека како држава сме се повлекле и дека сме поразени. Но, ќе ја видите сета одлучност на Србија. Ќе искористиме се што ни е на располагање, да го вратиме редот, мирот и поредокот и тоа ќе го направиме. Ќе се спротивставиме на сите притисоци, на сите кои ни се закануваат. За вонредна состојба не сме размислувале, имаме доволно мерки кои можеме да ги преземеме согласно законот, ова би била последна мерка“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.