Дипломатија

Муцунски на средба со новата амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова

19.08.2025 20:14

На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од динамичниот и континуиран македонско-словачки политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Словачка во Скопје, Ивета Хрицова.

На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од динамичниот и континуиран македонско-словачки политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати.

Во оваа прилика, министерот Муцунски се заблагодари за активниот ангажман и силната словачка поддршка за евроинтегративните процеси на нашата држава.

Амбасадорката Хрицова нагласи дека Словачка високо го цени придонесот на нашата земја кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошен развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и постигнатите резултати во повеќе области, соопштуваат од Министерството.