Андоновски најави редизајн и модернизација на националниот електронски систем за управување со документи
Почнуваме со редизајн и модернизација на затекнатиот скапо платен, но дисфункционален систем. Неговата функционалност е клучна за ефикасна, транспарентна и безбедна јавна управа, вели Андоновски.

Новиот Национален електронски систем за управување со документи (еДМС) ќе биде срцето на дигиталната администрација, информира министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Почнуваме со редизајн и модернизација на затекнатиот скапо платен, но дисфункционален систем. Неговата функционалност е клучна за ефикасна, транспарентна и безбедна јавна управа, вели Андоновски.
„еДМС е темелот – ’водоводот‘ на дигиталната администрација. Нашата цел е да обезбедиме систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, со приоритет на безбедноста, довербата и корисноста“, изјави министерот Андоновски.
Граѓаните да можат во реално време да го следат статусот на своите предмети. Ќе има побрза и поефикасна администрација, транспарентност, онлајн пристап и намалена бирократија.
За институциите ова ќе значи интегрирана платформа, намалување на грешки и оптимизација на ресурси, додека за државата ќе донесе усогласеност со европските стандарди и создавање на темел за вистинска дигитална трансформација.
