Стартуваа уписите во новата академска година на УКЛО
Стартуваа уписите во новата академска година. Можноста за двојна диплома, брзите вработувања и бројните стипендии резултираат со зголемен број студенти при УКЛО. Дали и оваа академска година членството во Колорс алијансата ќе биде причина за полните клупи на битолскиот универзитет? …

Стартуваа уписите во новата академска година. Дали можностите како двојна диплома, одлична пракса и брзо вработување и годинава ќе ги пополнат клупите на битолскиот универзитет?
Во период кога царува трендот на одлив на матуранти од нашата земја, УКЛО бележи зголемен број студенти.
Најголем број дипломци има на општествените науки, а потоа на туризам. Бројни се и оние кои се стекнаа со дипломи за безбедност, но се зголемува и интересот за студирање на Техничкиот факултет.
Годинава Студентскиот дом во Битола има сместувачки капацитет за 385 легла. Од нив 77 се за студенти од прва година, а сто се за лица со поинакви можности и потреби, деца на невработени или на самохрани родители.
Ружица Ѓоршевска
