Започна првиот уписен рок на УКИМ, факултетите ги отворија вратите за идните студенти
Бруцошите денеска ги наполнија факултетите, тие поднесоа документи за упис. Има слободни 9.719 места на 23 факултети...

Факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги отворија вратите за идните студенти. Започна првиот уписен рок. Бруцошите денеска ги наполнија факултетите, тие поднесоа документи за упис. Има слободни 9.719 места на 23 факултети.
По излегувањето од средношколските клупи тргнаа да го остваруваат својот сон. Секој со својата визија за иднина. Согласни се дека многу поедноставно ќе биде да се аплицира само електронски.
Економскиот и Правниот факултет годинава бележат подем во заинтересираноста на студентите. Од таму велат дека очекуваат да се пополнат слободните места.
И оваа година најмногу слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Од таму велат дека бројот на слободни места е голем и не очекуваат да се пополни бидејќи и бројот на средношколци опаѓа.
Според конкурсот на УКИМ, од слободни вкупно 9.719 места, 4.683 се за редовни студенти во државната квота, 4.081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.
Ана Јосифоска
