АМСМ
Зголемена фрекфенција на граничните премини
20.08.2025 08:21
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез изнесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
