Годинава матичните доктори во велешко имале помала фрекфенција од минатите, намален бројот на деца со вируси
Ова лето матичните доктори имале помала фрекфенција на интервенции отколку претходните години, во однос на деца со вируси. На Детското одделение згрижени се четири деца …

Летово во Велес нема зголемен број на деца кои имаат вируси и побарале помош од матичните доктори. Деца доаѓаат како пациенти, но со мали знаци на воспаление на грло, но не и со вируси. Ова лето докторите имале со многу помала фреквенција интервенции, отколку претходните години. Или велат имавме мирно лето.
Во велешка болница, на Детското одделение има континуирано голем број на пациенти, деца кои имаат цревни вирусни инфекции, не бактериски, кои брзо се опоравуваат. На Одделението деновиве има хоспитализирано четири деца.
Докторите препорачуваат децата да пијат пијалоци на собна температура, не ладни, да се проветруваат просториите дома и да не седат децата директно на климите.
Петар Печков
