САД

Ураганот Ерин повторно се засилува

21.08.2025 11:57

Голем дел од населението во крајбрежјето е евакуирано поради големите бранови кои се закануваат да ги поплават и пресечат патиштата.

Ураганот Ерин повторно се засилува додека се приближува кон средноатлантскиот брег. Силните ветрови што ги носи бурата веќе се чувствуваат на плажите кои беа затворени од Северна Каролина до Њујорк.

Голем дел од населението во крајбрежјето е евакуирано поради големите бранови кои се закануваат да ги поплават и пресечат патиштата.

Моќната бура денеска ќе го достигне својот врв, а од утре се очекува да ја намали силата. Иако нема директно да го погоди копното на источниот брег, сепак опасноста по живот останува-велат надлежните.