Регион

Остри тонови за протестите во Србија, упати Меѓународната заедница

21.08.2025 18:07

Властите во Белград мора да ги разјаснат нападите врз демонстрантите, принципите на владеењето на правото мора да се почитуваат, а слободата на собир мора да биде гарантирана, предупреди Берлин...

Меѓународната заедница со остри тонови за протестите во Србија. Властите во Белград мора да ги разјаснат нападите врз демонстрантите, принципите на владеењето на правото мора да се почитуваат, а слободата на собир мора да биде гарантирана, предупреди Берлин. По два дена блокади, судот во Нови Сад денеска не беше под опсада, иако десетици граѓани беа собрани пред зградата.

Синоќа на улиците излегоа граѓаните кои се против антивладините блокади, порачувајќи дека сакаат нормален живот, слободно да се движат, да работат и учат.