Скопје

Изгаснат пожарот во Карпош 4, направена е материјална штета, повредени нема

21.08.2025 15:40

Противпожарната бригада на Скопје интервенираше со осум цистерни и еден авион за локализација на пожарот во Карпош 4. Поради недоволен притисок на хидрантите од околните објекти морале да побараат цистерни со вода од „Комунална хигиена“...

Голем пожар во скопската населба Карпош 4 во магацински простор на поранешниот објект на „Макотекс“ веднаш до четирите кули во близина на мостот „Обединети нации“. Според очевидци, по избувнувањето на пожарот имало експлозии. За кратко, огнените јазици се прошириле на сите објекти и се наближиле кон една приватна куќа во близината, која не се запалила со помош од жителите од околината кои помогнале во гаснењето.

Противпожарната бригада на Скопје интервенираше со осум цистерни и еден авион за локализација на пожарот во Карпош 4. Поради недоволен притисок на хидрантите од околните објекти морале да побараат цистерни со вода од „Комунална хигиена“, вели командантот на противпожарната бригада. Интервенираа и од брза помош.

Скопските пожарникари интервенираа и при пожар во бараки во соседната населба Влае. Во пожарите е направена материјална штета, но нема повредени и настрадани лица.

Ирина Гелевска