Политика

„Четири години разочарување“

23.08.2025 16:20

„Четири години разочарувања за граѓаните“ – СДСМ со серија прес-конференции на партиските кандидати, претенденти за први луѓе на локалната власт. Од опозициската партија велат дека наместо развој и проекти, има нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени и бројни скандали со тендери...

По четири години разочарување наместо развој време е да ги вратиме општините на вистинскиот пат-велат од опозициската СДСМ на настанот на кој присуствуваа дел од партиските кандидати за градоначалници. Обвинуваат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги испорачале ветувањата, а власта удрила по џебот на граѓаните. Повеќе плаќаат, помалку добиваат. Според нив поскапеле сметките за комунални услуги, данокот на имот, а нема подобрување на условите за живот, инфраструктурата и капитални инвестиции.

Локалите избори од СДСМ ги гледаат како шанса да се стави крај на криминалот и урбаното дивеење.

СДСМ се очекува наскоро да ги објави партиските кандидати за градоначалници на уште седум општини како Велес, Бутел, Македонски Брод. Во трката за градоначалничкото место во Град Скопје како што е познато е поранешната министерка Каја Шукова.

Александра Велинова