Нов „Марш на ангелите“ за жртвите во дискотеката Пулс во Кочани
Нов „Марш на ангелите“ за жртвите во дискотеката Пулс во Кочани. Од градскиот парк се упатија покрај општинската зграда, полицијата и завршија пред судот и Јавното обвинителство. Родителите бараат одговори и одговорност од надлежните институции за вистината за кобната ноќ во дискотеката – Пулс, во која загинаа 62 лица а повеќе од 200 беа повредени...

Одговорноста и одговори од надлежните институции за истрагата и вистината да излезе на виделина, побараа родителите на настраданите во дискотеката Пулс во Кочани. И овој пат на марш на ангелите упатија порака за брзо расчистување на случајот, да нема сомневање за обиди за задскиравање на доказите. Ако институциите доследно не ја извршат својата должност ќе испратат порака дека животот на настраданите не значи ништо – велат семејствата кои ги изгубија своите најмили.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март, загинаа 62 лица а повеќе од 200 беа повредени. Како што велат организаторите, маршот не е само за нив, туку за сите кои сакаат да застанат на страна на правдата и да ја поддржат нивната борба. Поворката помина покрај општинската зграда, полицијата а заврши пред судот и јавното обвинителство во Кочани.
Марина Стојанова Тонева
