Заврши рехабилитација на Пониква на повредените во дискотека „Пулс“
Заврши рехабилитација на Пониква на повредените во кочанската дискотека „Пулс“. Лекувањето продолжува во штипската и во кочанската болница. Лекарите велат дека интензивната медицинска физикална и психолошка поддршка дала резултати и задоволни се од процесот на заздравување. Кај полесните случаи, функциите се враќаат во нормала...

По тримесечна рехабилитација околу 150 млади лица повредени во кочанската дискотека „Пулс“ лекувањето ќе го продолжат во штипската и кочанската болница, вели за МТВ директорката на кочанската болница, Мирчовска.
Интензивната медицинска психолошка и физикална поддршка дала резултати и лекарите се задоволни од процесот на заздравување, но лекувањето ќе продолжи. Кај полесно повредени функциите се враќаат во нормала, кај посериозни повредените процесот на заздравување е побавен. Најважно е што процесот на рехабилитација оди кон подобро.
Предлогот одморалиштето на Министерството за внатрешни работи на Пониква да се приспособи за центар за рехабилитација беше поддржан од Владата која обезбеди бесплатен третман за сите повредени.
Фиљана Кока
