ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ја повика ДУИ да се соочи со реалноста

24.08.2025 15:44

Ги отфрлам пораките на ДУИ кој припаѓаат на минатиот век дека ако тие не се во владата тоа претставува обид за етнички конфликт и етничка поларизација, ги коментира премиерот Мицкоски последните ставови на интегративците. Мицкоски очекува, како што вели историска победа на локалните избори...

Средства на сите локални самоуправи врз база на проекти за да се мотивираат градоначалниците да креира проекти за потребите на граѓаните. Ресорниот министер Перински вели дека одржливи општини се тоа што и недостига на Македонија и во тоа е неговиот фокус. Втор ден саем за отчет на ВМРО-ДМНЕ.

Ги отфрлам пораките на ДУИ кој припаѓаат на минатиот век дека ако тие не се во владата тоа претставува обид за етнички конфликт и етничка поларизација. ДУИ во влада значи криминал и корупција – ги коментира премиерот Мицкоски последните ставови на интегративците. Дури и претставници на Меѓународната заедница се негативно изненадени од пораките кои доаѓаат од Мала Речица – рече шефот на Владата.

Мицкоски очекува, како што вели историска победа на локалните избори. Се осврна на Скопје на кое му треба покрај инфраструктурно уредување, подобрување на хигиената, но и консолидирање на јавните претпријатија каде во некој од нив како паркови и зеленило и комунална хигиена има превработеност.

Сето ова беше кажано на отчетот на градоначалниците за сработеното во изминатите четири години. Се работи на 1.200 проекти во сите општини со одделени 600 милиони евра.

Миле А. Ристески