Локални избори

Визиите на Ѓорѓиевски и Шукова за Скопје

24.08.2025 17:09

Децентрализацијата, во фокусот на Владата. Рамномерно распоредување на финансиски средства, со цел развивање на одржливи општини. Опозицијата има свои планови за главниот град ако ја освои локалната власт. Засега, критикува во низа области – нефункционален јавен превоз, нечистотија, наплив на дивоградби и културно пропаѓање. Прес-конференција со партиски...

Децентрализацијата, во фокусот на Владата. Рамномерно распоредување на финансиски средства, со цел развивање на одржливи општини. На сите градоначалници на располагање ќе им биде т.н. ресурсен центар, кој ќе им обезбеди техничка и експертска поддршка. Изградба на патна инфрастуктура, реконструкција на студентски домови, училишта и градинки се дел од реализираните проекти – дел од отчетот на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се пожалија за недоволна соработка со Владата во првите години од нивниот мандат. Според градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски и во 21-ви век сè уште се занимаваме со инсталација на водоводна мрежа.

Разочарување од владеењето на локалната управа изрази потпретседателката на Социјал-демократскиот Сојуз, Каја Шукова, и кандидат за прв човек на Скопје. Според неа хаосот во метрополата е последица на неодговорно владеење, партиски инает и бизнис интереси. Критиките се насочени кон нефункционалниот јавен превоз, напливот на дивоградбите, загаденоста, нехигиената на градот и неговото културно пропаѓање.

До крајот на месецов и власта и опозицијата ќе ги комплетираат листите за градоначалници на цела територија на државата.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19-ти октомври.

Марина Стојанова Тонева