МНР

Муцунски во работна посета на Брисел

25.08.2025 08:11

Во рамки на посетата, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На средбите ќе се разговара за теми поврзани со европската агенда на Северна Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.