ЦУК
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола
25.08.2025 08:16
Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани се 27 пожари на отворен простор...

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани се 27 пожари на отворен простор.
Од нив, еден е сè уште активен кај селото Долгаец во Општина Долнени, два се под контрола – во Јасен и на планината Кожуф, додека 24 пожари се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
