Македонија

9,7 милиони евра за финансирање на кампањата за локалните избори

25.08.2025 18:05

Државната каса доминантна за финансирање на изборниот циклус. За финансирање на кампањата за локалните избори ќе се одвојат 9,7 милиони евра. Две третини ќе одат за приватните медиуми и интернет портали, односно за платено политичко рекламирање. Јавниот сервис не е во овој пакет…

Од државниот буџет за финансирање на кампањата за локалните избори ќе се одвојат 9,7 милиони евра. Од нив, две третини ќе одат за приватните медиуми и интернет портали, односно за платено политичко рекламирање. Јавниот сервис не е во овој пакет. Правните експерти велат дека политичките партии мора да имаат посебни сметки, за институциите да ги следат приливите на средства. Забрането е да се примаат странски донации.

Без разлика дали трошат државни пари за кампањата, или добиваат донации, политичарите и партиите да внимаваат на вокабуларот, критиките кои си ги споделуваат политичките актери да бидат аргументирани, а не токсични.

Ветувањата и начинот на изнесување на ставовите на политичарите влијае и на младите. И тие се желни да се вклучат во креирање на политиките, за да не заминуваат од државата.

Меѓународните набљудувачи сметаат дека е потребно обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата.

Препораките од ОБСЕ не се поднесени до Собрание.

Борис Грујоски