Угостителите кубурат со кадар, бараат мерки од државата
Угостителскиот бизнис во земјава кубури со кадар, а сезоната на летни одмори одминува, масите се полнат. Газдите бараат поддршка и нови мерки од институциите, со кои ќе се создадат услови за младите да останат дома...

За да биде целосна услугата недостигаат уште неколкумина. Овие вработени даваат сè од себе за да можат да ги услужат гостите, за да си заминат задоволни и повторно да се вратат. Работници нема, а дневниците секојдневно стануваат сè повисоки.
Угостителскиот бизнис во земјава кубури со кадар, а сезоната на летни одмори одминува, масите се полнат. Газдите бараат поддршка и нови мерки од институциите, со кои ќе се создадат услови за младите да останат дома и да не бараат работа во други земји.
Готвачи, келнери, туристички работници, градежници. Ова се само дел од професиите кои ѝ недостасуваат на Македонија. Од Агенцијата за вработување велат дека невработеноста паѓа, но во се земјава и натаму се бараат работници, оти добар дел од нив заминуваат во соседните земји за повисоки плати.
Во Хрватска најплатени се готвачите кои заработуваат над 2.000 евра со работно искуство, келнерите во просек заработуваат околу 1.500 евра, собарките од 1.000 до 1.400 евра.
И додека Македонците заминуваат во странство, кај нас празнината се пополнува со работници кои транзитираат од Непал, Бангладеш, Индија, но и од Филипини.
Борис Грујоски
