Покана за јавна седница на Програмскиот совет на МРТ
27.08.2025 14:16
Програмскиот совет на МРТ ги поканува претставниците на еснафските здруженија и медиумските организации на јавна седница.
Седницата ќе се одржи на 4 септември (четврток) со почеток од 11:00 часот во салата за состаноци на МРТ.
Седницата ќе биде насочена кон размена на идеи и предлози за унапредување на јавниот сервис, со цел МРТ да продолжи да се развива како независен, модерен и кредибилен јавен сервис во служба на граѓаните.
За подобра организација на седницата, сите заинтересирани треба да го регистрираат своето присуство на [email protected] најдоцна до 03.09.2025 година, до 12:00 часот.
Поканата за јавната седница може да ја преземете на следниот линк:
