ЦУК

50 пријави за материјални штети од вчерашното невреме со силен ветер во Скопје

31.08.2025 10:30

Во различни делови на градот, паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови и други материјални оштетувања на приватна сопственост.

На бројот за Итни повици 112, 50 пријави за материјални штети од вчерашното невреме со силен ветер во Скопје. Во различни делови на градот, паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови и други материјални оштетувања на приватна сопственост.

На две локации имаше и пожари.

Полициски службеници, ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир во салата „Борис Трајковски“, заедно со екипа од противпожарната заштита, спречија ширење на пожарот и зафаќање на моторни возила и објекти.

Девет полицајци беа пренесени на Одделот за токсикологија на кислородна поддршка, поради вдишување чад. Сите се во стабилна состојба.