МВР

Лишен од слобода германски државјанин на Табановце, кај него била пронајдена марихуана

03.09.2025 11:46

При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана...

Вчера во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(46) од Сојузна Република Германија, информираат од МВР.

При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

 

 

Фото: МВР