Кривичен суд

Продолжува судењето против таткото на Васил Јованов

03.09.2025 09:45

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место...

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место,

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот, за кого судот констатираше дека бил неуредно повикан. Судијката Снежана Марковска информираше дека е испратено барање до МВР за ажурирани адресни податоци и за уредна достава на поканата.

Покрај обвинетиот, на рочиштето не се појавија ниту неговиот адвокат Сашо Дуковски, ниту сведокот Софија Черепналковска, која, според информација од нејзиниот татко, се наоѓала во странство.