Македонија

ЦУК: Нема активни пожари, пет под контрола

03.09.2025 10:05

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати...

На територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет пожари се под контрола, а 13 се изгаснати. Нема активни пожари.

Под контрола се пожарите во Долнени кај селата Долгаец и Стровија, во Општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во Општина Гевгелија на планината Кожуф, во Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ и во Општина Липково кај селото Никуштак.