Безвременски рокенрол манифест на Get EXITed: Бајага и Инструктори во Струмица
Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7-ми септември...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7-ми септември.
Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде во текот на своето четиридецениско постоење.
Со 11 студиски албуми, неколку концертни изданија, EP албуми и десетици синглови, Бајага и Инструктори денес претставуваат еден од најплодните и највлијателни состави на регионалната музичка сцена.
Get EXITed забавата на 7-ми септември во Струмица, со настапот на Бајага и Инструктори, ќе биде доказ дека рокенролот сè уште живее, обединувајќи ги сите генерации во иста енергија на музика и заедништво.
