Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.

Вчера во с. Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.
Во с.Горно Седларце, тетовско, пак, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.
Во с.Расадиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.А.(35) од с.Расадиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.
Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.
