Кривичен суд
Во Кривичен суд продолжува судењето за Штекли
03.09.2025 12:30
Во Кривичен суд продолжува и судењето за Раде Трајковски – Штекли. Случајот е поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром...

Во Кривичен суд продолжува и судењето за Раде Трајковски – Штекли. Случајот е поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром. На денешното рочиште треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски.
Обвинението опфаќа 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки.
Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
