ЦУК

Осум пожари на отворено – седум изгаснати, еден под контрола

05.09.2025 09:36

Ставен под контрола е приземниот пожар на Кожуф планина на територија на општина Гевгелија. Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Гази Баба.

До седум часот утрово евидентирани се осум пожари на отворен простор во државава, информираат од Центарот за управување со кризи. Седум се изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Ставен под контрола е приземниот пожар на Кожуф планина на територија на општина Гевгелија. Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Гази Баба.

Останатите пожари гореле во подрачјето на општините Виница, Кавадарци, Липково, Струмица, Шуто Оризари.