Собрание

Комисијата за АНБ ќе заседава в среда

05.09.2025 20:41

Собраниски акробации со Комисијата за надзор на тајните служби за случајот „АНБ“. Попладнево нова седница откако мнозинството побара итна посета на АНБ во вторник, а декласификација на документацијата...

Собраниската комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност ќе одржи седница в среда. Ова е последната одлука, откако во еден ден двапати беше закажувана, но на крајот не се одржа, па падна договор за среда за да се зачуваат дигнитетот, интегритетот, транспарентноста и одговорноста на Собранието, објасни спикерот Гаши.

В среда, веднаш по седницата која е закажана за рано утрото ќе се спроведе и пратеничката посета на АНБ.

Претседателот на комисијата, Скендер Реџепи остана на ставот дека се направил обид да се одржи заседанието со кршење на Деловникот зашто до него не било поднесено барање за свикување седница.

Брза посета на АНБ е од јавен интерес велат пратениците од власта. Тие предложија пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска да заседава со Комисијата, бидејќи Реџепи и по една година нема безбедносен сертификат. СДСМ се согласни дека е потребна брза посета на АНБ, но остануваат на ставот дека е неопходна декласификација на документацијата.

Седницата беше побарана по обелоденувањето на прислушувањето на тогаш лидер сега премиер Мицкоски, новинари, јавни личности, бизнисмени.

 

 

Александра Велинова