Канцелариите на матичните служби во руралните средини повторно ќе се активираат
Канцелариите на матичните служби во руралните средини повторно ќе се активираат. За таа цел треба заедничка соработка на Управата за водење матични книги и општините а паралелно да се тера и процесот на дигитализација на услугите...

Управата за водење матични книги во соработка со општините ќе ги активира затворените канцеларии по руралните места, онаму каде има услови и потреба. Вака истакна директорот Фатон Фазлиу кој смета дека дисперзијата на државни институции, мора да биде заедничка со општините, во интерес на граѓаните
По пет години застој, жителите на околу 20 населени места од Општина Василево документи во надлежност на управата ќе може да ги добиваа во општинскиот центар а не во Струмица.
Од Управата соопштија дека со дисперзирањето на канцеларии по руралните места паралелно ќе се работи и на дигитализација на услугите.
Ване Трајков
