кочани
Денеска нов „Марш на ангелите“
06.09.2025 11:00
Денеска во Кочани ќе се одржи 21. Марш за ангелите, на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Семејствата и пријателите на настраданите маршираат за правда за своите деца...

Денеска во Кочани ќе се одржи 21. Марш за ангелите, на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Протестниот марш ќе започне од 17 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време кое симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција.
Семејствата и пријателите на настраданите маршираат за правда за своите деца, а крајот на рутата ќе заврши пред зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани.
