Влада

Специјални таблички за службените возила

09.09.2025 16:05

Регистарски таблички во жолто-црвена боја треба да имаат околу 7.500 возила во сопственост на државата. Сепак, дел од возилата за специфични намени на МВР и на Агенцијата за безбедност ќе останат необележани...

Регистарски таблички во жолто-црвена боја треба да имаат околу 7.500 возила во сопственост на државата. Сепак, дел од возилата за специфични намени на МВР и на Агенцијата за безбедност ќе останат необележани. Исклучок се и возилата на Министерството за одбрана и Армијата, коишто се веќе брендирани.

Новите специјални таблички за службените возила се воведуваат за да бидат видливи и да се спречи нивна злоупотреба за партиски цели.

„Јас сметам дека со идентификација на службените возила со овие специјални таблички ќе се стави крај на злоупотребата на служените возила, што беше карактеристика на претходната влада. Нема да има вакви феномени затоа што граѓаните, медиумите ќе бидат во состојба да ги идентификуваат службените возила во секој момент“, вели Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.

МВР до крајот на годината треба да направи регистар за службените возила.

Рокот службените возила да имаат специјални таблички истекува на 15-ти септември. Сепак, рокот ќе биде продолжен до 29-ти септември, односно, до почетокот на изборната кампања. Институциите што нема да го направат тоа ќе добијат нови при регистрација.

Ирина Гелевска