САД

Ерика Кирк со емотивен говор по убиството на сопругот

13.09.2025 09:11

Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен.

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк со емотивен говор во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа.

Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен.

Претседателот Трамп најави дека на Кирк постхумно ќе му додели Медал на слободата.

Неговата сопруга со порака и до злосторниците: „Ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг е моќна претходно, немате поим, немате поим што штотуку ослободивте низ оваа земја и светот.“