Свет
Граѓани на Бразил слават по одлуката за затвор за Болсонаро
13.09.2025 11:26
Болсонаро, кој негираше какво било кривично дело, може да поднесе жалба на пресудата...

Левичарски политички движења и граѓани на улиците на Сао Паоло и Рио Де Жанеиро славеа откако Врховниот суд го осуди на повеќе од 27 години затвор поранешниот бразилски претседател Болсонаро за обид за државен удар.
Болсонаро, кој негираше какво било кривично дело, може да поднесе жалба на пресудата. Тој моментално е во домашен притвор во Бразилија.
