Македонија

Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите

13.09.2025 18:33

Владата нема контрола над пожарите, реагира лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Од ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперија кон СДСМ и ДУИ...

Владата нема контрола над пожарите, реагира лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, Македонија станува опасно место за живеење.

„Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа, за неколку дена изгореа две фабрики, а две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште“, обвинува Филипче, кој смета дека институциите се нефункционални.

Одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму прстот го вперија кон СДСМ и ДУИ, кои како што рекоа од партијата, се служат со опасни и криминални методи.

„Откако не им успеа подметнувањето на пожарите, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите за да предизвикаат страв, незадоволство и хаос меѓу граѓаните. Со тоа не само што прават тешко кривично дело, туку свесно го уништуваат и здравјето на скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму повикаа МВР и Обвинителството да спроведат темелна истрага за намерно палење на депониите.