Болни од рак добивале терапија под рака директно од Васев, тврди медицинска сестра
Болни од рак добивале терапија под рака од ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев – вакво сведоштво од медицинска сестра се слушна на денешното рочиште во Кривичниот суд...

Луѓе болни од рак добивале терапија под рака директно од првиот човек на болницата во услови кога лекови немало за други пациенти. Ова го тврди медицинска сестра која работи на скопска Онкологија и која даде исказ како сведок на обвинителството. Рече дека ексдиректорот Никола Васев ја викнал во канцеларија и лично тој и дал терапија да ја аплицира кај пациент.
„Во болницата го немаше лекот. Сопругата на пациентот која беше инспекторка праша зошто го нема и се качи во канцеларијата на директорот. Потоа Васев ме повика, ми даде ампула и ми рече да му ја дадам на болниот. Имаше и други случаи. Од директорот зедов терапија и за уште еден пациент кога во болницата го немаше лекот“ – исказ на сведок на обвинителството.
На Онкологија се правел попис на лекови еднаш неделно. Медицинската сестра сведочеше и дека во 2022 година пред новогодишните празници исчезнале 90 ампули и уште 45 кои требале да се дадат на болните.
Одбраната побара судот да не му верува на сведокот, бидејќи имале докази оти медицинската сестра била соработник на правдата, па за сметка на тоа и било простено некое дело.
Анита Димитријевска - Велковска
