Јавна администрација

Стартуваат генеричките обуки за околу 600 административни службеници

18.09.2025 17:14

Уште еден чекор кон зајакнување на професионалните вештини на јавната администрација. Стартуваат генеричките обуки за околу 600 административни службеници, по пет од секоја институција.Ова е темелот врз кој ќе се изгради ефикасна јавна администрација, ослободена од партиски стеги, уверува министерот за јавна администрација, Минчев...

Уште еден чекор кон зајакнување на професионалните вештини на јавната администрација. Стартуваат генеричките обуки за околу 600 административни службеници, по пет од секоја институција.

Ресорниот министер уверува дека ова е темелот врз кој ќе се изгради ефикасна јавна администрација, ослободена од партиски стеги. Секое ново искуство ќе значи побрза постапка, појасна информација, пократок ред и поедноставена услуга, а целта е граѓаните да почувствуваат дека институциите работат за него, дециден е Минчев.

Премиерот Мицкоски со критика за политиките кои во минатото се воделе во јавната администрација, велејќи дека неговите претходници ја оставиле демотивирана, без знаење со нарушена доверба. Таа нема повеќе да биде партиски плен, обуките – јасен сигнал дека не се плашиме од промени туку ги носиме, потенцираше шефот на Владата.

Обуките ќе ги вршат и меѓународни предавачи, најпрво во Скопје, а потоа и низ целата држава.

Викторија Милевска