Трибина

Превенција и заштита на младите од дигитална злоупотреба

18.09.2025 17:47

Младите сакаат да комуницираат на интернет, да објавуваат лични податоци, да ставаат слики од себе на социјалните мрежи, но не се доволно едуцирани. Потребно е да имаме безбедна дигитална средина...

Младите сакаат да комуницираат на интернет, да објавуваат лични податоци, да ставаат слики од себе на социјалните мрежи, но не се доволно едуцирани. Потребно е да имаме безбедна дигитална средина. Закони има, со кои се регулира превенцијата или заштитата од насилство врз децата, но отсуствува терминот сексуална злоупотреба на деца во онлајн просторот.

Младите велат дека доколку 10-тина се во една просторија, секој од нив има да раскаже негативно искуство на интернет, свое или на некој близок. Дигиталниот простор е наша реалност, децата растат, се развиваат во него без да имаат јасни насоки. Согласни се дека потребни се повеќе кампањи.

Од првата детска амбасада посочуваат дека потребно е да се задржат силите за да се создаде еден безбеден дигитален свет.

Анализите говорат дека децата сакаат да разговараат и сметаат дека семејството е најдобро место за тоа но не сакаат осудување, сакаат отворена порта.

Ова е сликата што сè почесто за жал може да се забележи на улиците. Младите со телефони во раце активни се на интернет но не и во реалниот свет. Истражувањата велат дека 8 до 10 часа во денот децата поминуваат на интернет.

Ана Јосифоска