Собрание

Пратеничките во Собранието едногласно ги осудија сите насилства и фемицид во земјава

18.09.2025 16:50

Народните избранички во Собранието едногласно ги осудија насилствата и фемицидот во земјава. Побараа дословно почитување на законите и сите надлежни институции навреме да реагираат за да спречат насилства врз жените.

Остра осуда од пратеничките за насилството врз жените, бараат институциите ефикасно да реагираат за спречување фемицид. По последниот случај кога млада жена од Велес беше убиена и покрај пријавувањата за насилство и забраната за приближување и уставната казна од судот за убиецот.

Народните избранички апелираат да се применуваат измените на Кривичниот закон за фемицид, што го донесоа за спречување на се почестите насилства врз жените во земјава.

Пратеничките ги повикаа и судовите при носењето пресуди да ја имаат предвид и истанбулската Декларација за заштита на жените, чија потписничка е и нашата држава.

По локалните избори, пратеничките ќе покренат расправа за насилствата врз жените во надлежните собраниски комисии.

И граѓанскиот сектор на протести во Скопје како осуда за последниот случај на фемицид и пропустите на институциите.

 

Ирина Гелевска