Две години затвор за Лидија Димова за злоупотреба на службената положба
Димова не сторила измама, пресече судот, бидејќи обвинителството не го докажало делото. Обвинетата Димова смета дека пресудата е политички мотивирана од двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. За неа е нејасно како е ослободена од обвинение за злоупотреба на европски пари, а од друга страна, судот проценил дека им овозможила на компании да користат пари од фондовите.

Две години затвор гласи првостепената пресуда за поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова. Скопска единица ја осуди за злоупотреба на службената положба и ја задолжи да плати 22,7 милиони денари.
Димова не сторила измама, пресече судот, бидејќи обвинителството не го докажало делото. Обвинетата Димова смета дека пресудата е политички мотивирана од двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. За неа е нејасно како е ослободена од обвинение за злоупотреба на европски пари, а од друга страна, судот проценил дека им овозможила на компании да користат пари од фондовите.
Во обвинението против Димова поднесено во јуни 2022 година стои дека таа како директорка на Агенцијата за Европски образовни програми незаконски склучувала договори со соработници, експерти и обучувачи и злоупотребила 320 илјади евра. Обвинетата Ана Павлиду, која се товари за несовесно работење во службата, доби ослободителна пресуда.
Игор Панов
