Кривичен суд

Еден во затворски, тојца во куќен притвор за пожарот во Трубарево

19.09.2025 17:48

Четири физички и едно правно лице се сомничат за загрозување на животната средина со отпад во врска со пожарот во Трубарево. Судот на првоосомничениот му изрече мерка притвор од 30 дена, а на преостанатите тројца, куќен притвор. Се чекаат и резултатите од мерењата за загаденоста со тешки метали...

Главниот осомничен е човек кој, иако формално не бил управител, сепак, раководел со фирмата, заедно со неговата ќерка и уште двајца соработници. Обвинителството ги сомничи дека непрописно складирале електронски отпад, батерии, акумулатори и тонери на парцелата каде се случи хаваријата, со што предизвикале сериозно загадување на почвата и воздухот и опасност по здравјето на луѓето. Вицепремиерот Меџити вели дека во складиштето биле правени редовни контроли, а целата документација е предадена кај истражните органи.

И покрај најавата дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе законски измени со кои подметнување пожар ќе се квалификува како тероризам, во парламентот ваков предлог сè уште не е доставен.

Основното јавно обвинителство продолжува да испитува потенцијална одговорност и на други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи, велат од институцијата.

Викторија Милевска