Физичка пресметка пред болницата во Прилеп, уапсени 13 лица
Во болницата на неколку лица им е укажана лекарска помош, но со лесни повреди. Физичката пресметка почнала претходно, во село.

Масовна физичка пресметка се случила денеска и тоа пред прилепската болница. 13 лица се приведени. Во болницата на неколку лица им е укажана лекарска помош, но со лесни повреди. Физичката пресметка почнала претходно, во село.
Од Министерството за внатрешни работи излегоа со детали за инцидентот пред прилепската болница.
„Денеска околу 12 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка меѓу повеќе лица, употребувајќи дрвени и други предмети“, се вели во соопштението од полицијата.
Иако на местото на настанот се испратени полициски службеници, сепак учесниците во инцидентот не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од полицајците испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.
По полициската интервенција, против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
